Пробен час – индивидуална 1:1 настава по германски јазик со Елена

Mystore Zoki
Пробен час

Пробен час – индивидуална 1:1 настава по германски јазик со Елена

Со цел сите заинтересирани полесно да се запознаат со индивидуалната 1:1 настава, воведуваме бесплатен пробен час со нашата предавачка Елена Ѓорчулеска од Скопје.

Пробниот час е осмислен така што уште на првата средба ќе добиете јасна слика за начинот на работа, методологијата и пристапот во наставата.

Пробниот час се состои од два дела:

Кратка консултација за вашите цели, потреби и очекувања

30 минути практична настава со реални материјали и конкретни примери

Овој пробен час е наменет за ученици од сите нивоа (A1–B2), без разлика дали сте почетник, се подготвувате за испит или интервју, или сакате да ја подобрите конверзацијата и изговорот.

Mystore Zoki
Пробен час

Препорака:

Пред пробниот час, препорачуваме да го направите бесплатниот Einstufungstest, со цел точно да го утврдиме вашето моментално ниво и да го прилагодиме пробниот час според вашите потреби.

Како продолжува наставата по пробниот час:

Доколку одлучите да продолжите со индивидуални часови, наставата се одвива еднаш неделно по 60 минути (или почесто, по ваша желба). Термините се фиксни и се договараат однапред.

Посебен акцент се става на правилниот изговор, при што се земаат предвид регионалните разлики помеѓу германскиот јазик во Германија, Австрија и Швајцарија. Наставата се одвива по специјална метода на забрзано учење, со континуирано следење на напредокот.

Mystore Zoki
Пробен час

Како да се пријавите:

На оваа страница ќе најдете два формулари:

По испраќањето на формуларот, ќе бидете контактирани за договор на термин и ќе ги добиете сите технички упатства за одржување на пробниот час.

Контакт:
Елена: 075 752 888