Пробен час - индивидуални часови по германски јазик 1:1 со Елена

Мистор Зоки
Пробен час

Пробен час - индивидуални часови по германски јазик 1:1 со Елена

За да им го олесниме на сите заинтересирани запознавањето со индивидуалните часови поединечно, воведуваме бесплатен пробен час со нашата предавачка Елена Ѓорчулеска од Скопјe.

Пробниот час е дизајниран на таков начин што веќе на првата средба ќе добиете јасна слика за начинот на работа, методологијата и пристапот кон наставата.

Пробниот час се состои од два дела:

Кратка консултација за вашите цели, потреби и очекувања

30 минути практична настава со реални материјали и конкретни примери

Овој пробен час е наменет за ученици од сите нивоа (A1-B2), без разлика дали сте почетник, се подготвувате за испит или интервју или сакате да го подобрите вашиот разговор и изговор.

Мистор Зоки
Пробен час

Препорака:

Пред пробниот час, препорачуваме да го полагате бесплатниот Einstufungstest, со цел точно да го одредите вашето моментално ниво и да го прилагодите пробниот час според вашите потреби.

Како продолжуваат часовите по пробниот час:

Доколку одлучите да продолжите со индивидуални часови, часовите се одржуваат еднаш неделно по 60 минути (или почесто, доколку сакате). Закажете термини и договорете се однапред.

Посебен акцент се става на правилниот изговор, земајќи ги предвид регионалните разлики меѓу германскиот јазик во Германија, Австрија и Швајцарија. Часовите се изведуваат со помош на посебен метод на забрзано учење, со континуирано следење на напредокот.

Мистор Зоки
Пробен час

Како да се регистрирате:

На оваа страница ќе најдете два формулари:

По испраќањето на формуларот, ќе бидете контактирани за да закажете состанок и ќе ги добиете сите технички упатства за одржување на пробниот час.

Контакт:
Елена: 075 752 888